Еден од најпопуларните играчи на австралиски фудбал кој беше познат по својата фризура е Дајсон Хепел. Австралијанецот настапува за тимот на Есендон Бомберс кој се натпреварува во АФЛ. Голем број на тимови и играчи од оваа лига донираа средства за пожарите во Австралија, а Хепел тоа го направи на несекојдневен начин. Овој играч реши да ја промени препознатливата фризура со тоа што ја избричи главата. Со овој потег собра донации кои изнесуваат околу триста илјади долари.


Доколку сакате да донирате и да помогнете во иницијативата на овој играч, тоа можете да го направите на следниот линк:
https://www.gofundme.com/f/xuj4u-skipper039s-shave-50k-before-friday?utm_source=twitter&utm_medium=social&utm_campaign=p_cp+share-sheet



