Екипата на Нешвил Предаторс гостуваше во Чикаго кај домашните Блекхокс. Првата третина помина во знакот на гостите откако водеа со 0-3. Во втората третина, Чикаго намали на 1-3, а на стартот на третата, стигна и до 2-3. На 37 секунди до крајот, домаќините бркаа израмнување со празен гол, а тоа го искористи најпрво Бонино кој зголеми на 2-4, а 15 секунди подоцна стрелаше и голманот на Нешвил, Пека Рине, за конечни 2-5.
Со овој погодок, Рине стана 12. голман што постигнал гол во НХЛ и прв после Мајк Смит во 2013.



