Хрватска одигра страшна одбрана во вториот дел и со пресврт стигна до победа против Црна Гора со 27-20 (полувреме 12-13). Црна Гора во вториот дел постигна само 7 гола благодарение на Дувњак кој изигра страшна одбрана на 5-1. Во нападот на Хрватска блескаше Циндрич со 6 гола, додека кај црногорците Грбовиќ даде исто така 6 голови.
Во вториот дуел Шпанија славеше против Латвија со 33-22 и со сигурна победа го започна Европското првенство. Најефикасен на мечот беше Кристопанс со 7 голови, но сам неможеше ништо против расположените шпанци.



