понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#523 – Благодарност

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 8, 2020
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Да бидеш среќен човек не значи да кажеш : „Еј јас од денес сум среќен“. Многу пати сум се нашла во средина на луѓе кои токму од „денес“ сакаат да бидат среќни, позитивни и насмеани… За да бидеш среќен човек и да ја зрачиш таа среќа, таа позитивна енергија која пренесува насмевка на околината, една од клучните работи кои треба да ги направите за себе е да бидете БЛАГОДАРНИ!

Благодарноста сме ја заборавиле и обично ја спојуваме со бонтон гест! Тоа е магична вештина која го дефинира нашиот однос спрема луѓето. Особено е заслужна за нашето задоволство,успех, затоа што преку неа се насочуваме на сè што е позитивно во нашето опкружување. Во сеопштата загушеност со новости и информации, медиумите го засилуваат чувството на незадоволство, сè повеќе се акцентира тоа што не можеме да го имаме , сè она што недостига за да бидеме среќни… Благодарноста ја пренасочува нашата перцепција од она што го немаме кон она што го имаме (тоа што сме )и што нам ни е мило.Способноста човекот да чувствува благодарност покрај сè што му се случува е еден од клучните елементи за успех и за среќа. Зборот благодарам значи да ги прифатиш луѓето, колегите,пријателите и да ја признаеш нивната вредност, а не само маните. Тоа е умешност со која можат да се пофалат само најплеменитите меѓу нас.

Ви предлагам да ги употребите супермоќите кои сте заборавиле дека ги поседувате, а еве и неколку совети:

1. Тежок ден – кога имате тежок ден, а сите имаме таков ден, секогаш можеме да го претвориме во позитивен и подобар. Потребно е само да се насочите на многуте позитивни работи кои ве опкружуваат и кои се присутни во вашиот живот и бидете БЛАГОДАРНИ.

2. Мрчатори – ако сте како повеќето луѓе, тогаш сигурно сте незадоволни од власта, сите политичари воопшто, колегите, па сè до членовите во семејството и кругот на пријателите. Насочете се на добро, бидете благодарни дури и на проблемите, колку и да звучи лудо, решавајќи ги проблемите стануваме позрели, а помагајќи на другите посреќни!

3. Мани – сигурно ќе забележите дека некој има некаква слабост или мана, па наместо да му приговарате или да го озборувате, укажете му ги неговите позитивни страни со благодарност. Тоа е прав пат до градење хармонија, а со тоа си го отворате моментот кога ќе можете да му ги укажете маните и да го посоветувате за нив.

4. На глас – кажете Благодарам на вашиот колега, но вербално, не преку е-пошта. Така можеби ќе му го подобрите денот, ќе го мотивирате, а голема е веројатноста ангажманите да ги извршува попродуктивно.

5. Подмачкано – полесно е да бидете благодарни кога работите течат како „поднамачкани“, но важно е да ги почитувате и оние полошите искуства кои и тоа како нè учат на нешто подобро. На пример, ако вашиот шеф ве искритикува, бидете благодарни на можноста од таа критика да научете нешто и искористетеја како шанса за личен развој!

6. ЈАС – не заборавајте на себе – благодарам не мора секогаш да е наменето за другите! Расположението и продуктивноста ќе ви се зголемат доколку ги цените сопствените вредности и ако славите мали победи на работното место!Благодарноста е најдобро оружје против љубомората и префрлање вина на другите за сопственото незадоволство. И едното и другото ве водат во сопствена диструкција! Негувањето на благодарност не осврнува кон позитивното и кон преземање одговорност за својот живот, својата работа… а тоа е речиси половина пат до успехот!БЛАГОДАРЕН УМ Е ГОЛЕМ УМ И ЕДЕН ДЕН ЌЕ ПРИВЛЕЧЕ ГОЛЕМИ РАБОТИ!ПЛАТОН

Со успех во промените,

Елена Чуркоска

Член на тимотМАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

ShareTweet
Претходна вест

(Статистика) Тројца кошаркари на Еуро Никел предничат пред другите

Следна вест

Почнува ЕП во ракомет – Денес на Телма може да ги гледате Хрватска, Србија, Црна Гора…

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

Почнува ЕП во ракомет - Денес на Телма може да ги гледате Хрватска, Србија, Црна Гора...

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.