Започна втората полусезона од Серија А каде што отворија со натпревар Бреша и Лацио, каде што лацијалите со целосен пресврт дојдоа до важни три бода и се пробија на третата позиција на табелата.
Јунак на Лацио беше првиот стрелец во лигата Чиро Имобиле кој со двата погодоци им донесе нови бода на својот тим. Иако Имобиле оствари убав ефект, сепак централна фигура беше Марио Балотели од домашниот тим на Бреша кој со погодокот во 17 минута стигна прв да постигне гол на стартот на Серија А.



