Првиот натпревар од Чемпионшип во 2020 го одиграа Милвол и Лутон. Претставниците на Гери Роувет, со пресвртот во второто полувреме, славеа над „Шеширџиите” со 3-1. Овој натпревар беше прв после 2008 во кој Милвол како домаќин го пречекал Лутон.
Во 41. минута Лутон поведе преку капитенот Сони Бредли кој го постигна својот втор погодок сезонава откако претходно погоди во првото коло во ремито од 3-3 против Мидлсброу. Милвол замина на пауза со негатива, но истата ја надокнади во период од дванаесет минути. Најпрво, во 69. минута Бредшоу израмни на 1-1. Во 78. минута, нововлезениот Махони постигна гол за целосен пресврт, а само три минути подоцна, Смит ја завери победата на својот тим.
Милвол е во серија од две победи и се наоѓа на шестото место, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите. Лутон и покрај поразот останува претпоследен.



