Второто натпреварување од Новогодишната турнеја традиционално се оддржа во Гармиш-Партенкирхен. Овој пат, во јужниот дел на Германија славеше Мариус Линдвик за прв пат во својата кариера. Норвежанецот, зад себе го остави Карл Гајгер, а на третото место со заостаток од еден поен зад Гајгер беше Давид Кубацки. Лидерот и актуелниот шампион, Рјоју Кобајаши, не успеа да ја запише шестата последователна победа на Новогодишната турнеја бидејќи заврши на четвртата позиција. Даики Ито ја најави својата потенцијална форма од 2011/12 со петтата позиција. Хубер беше шестопласиран, а до најдобар пласман во кариерата стигна и Константин Шмид кој заврши на седмото место. Од фаворитите, Петер Превц, Штефан Крафт, Пјотр Жила и камил Шток завршија на позициите од 12. до 20. после првата серија.



