Традиционално, веќе повеќе години, реномираниот портал за ракомет „Handball planet“ организира гласање за најдобри во годината која изминува. После тоа што Микел Хансен е прогласен за најдобар ракометар на планетата во 2019. редот пристигна и на ракометните стручнаци, гласовите од публика и жирито кажаа дека тренер на годината е поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Шпанскиот тренер, кој моментално е селектор на репрезентацијата на Египет, ќе остане запаметен по неверојатната сезона која ја имаше со Вардар. Парондо на Вардар му ја донесе втората титула во Лигата на Шампионите, но оваа година 2019. на уште по волшебен начин од претходната која беше пред 2 години.
Бајката од Келн, веруваме, да сите добро ја паметите, но треба да се знае дека Парондо заедно со Соилов, Скубе, Кристопанс и останатите со големи финансиски проблеми и повреди успееа да се искачат на врвот на Европа.

Жирито кое ја донесе одлуката за Парондо се состоеше од 22. новинари од светот, но и сите љубители на ракометот кои што гласаа на порталот „Handball planet“, а го сочинуваа последниот член на жирито.
Парондо во оваа трка се најде на високи 500 гласови повеќе пред Душебаев.



