ИСМ академија (Italian Soccer Managment) во соработка со Спорт Талент носат нови четврорица млади талентирани фудбалери во Италија, а се работи за Глигоров, Митревски, Боневски и Јордановски кој во периодот кој следи ќе се усовршуваат како на спортски така и на образовен план.
Македонските фудбалери ќе бидат сместени во познатото италијанско туристичко место, Асиси, каде што пред се ќе го учат италијанскиот јазик и култура, а воедно фудбалски ќе се надоградуваат во Перуџа и нивниот развиток ќе го следат и скаути од Сампдорија, Перуџа и Фиорентина.
Секојдневно со надежните фудбалери ќе работи и поранешниот еминетен стручњак, екс тренер на Перуџа, Сиена и екс селектор на Гамбија, Лусиано Мансини.
Преку неделата македонските фудблери секако согласно договороената агенда ќе одиграат во голем број наврати натпревари против различни противници, екипи од професионален или полупрофесионален ранг и тоа на различни локации низ Италија.
Фото: Спорт Талент



