Данди Јунајтед и Данди ФК со градското дерби ја затворија 2019 година. На хартија, поголем фаворит беше Јунајтед, но Данди ФК со добра игра успеа да извлече поен од „Тенадис Парк”. Најпрво, во петтата минута, Ники Кларк ги донесе „домаќините” во водство со својот седми гол оваа сезона. Во наредните десетина минути, Данди ФК имаше иницијатива, но до крајот на полувремето доминираше Данди Јунајтед.
Во второто полувреме, клубот од „Денс Парк” одлично влезе во игра. Сето тоа се исплати во 50. минута кога поранешниот играч на ВБА, Норвич и Ренџерс – Греам Доранс, ја пикна топката во голот покрај немоќниот Бенџамин Зигрист. Кон крајот на полувремето, Данди ФК имаше серија на опасни напади, но тие не вродија со плод. Резултатот од 1-1 се покажа како конечен. Ова е прво лигашко реми на ова дерби после 20. март 2016 кога во 31. коло од Премиершипот овие екипи одиграа 2-2. Со овој поен, Данди Јунајтед останува убедливо на првата позиција пред Инвернес, а Данди ФК скокна на третото место со бод предност и натпревар повеќе од Ајр.



