Екипата на Свиндон Таун е во серија од пет натпревари без пораз. Од можни 15, своевремениот Премиерлигаш има освоено 13 поени со гол-разлика од 12-2. Во оваа низа спаѓа и денешниот дуел против Кембриџ Јунајтед на кој славеа со 4-0. Најдобриот играч за месец ноември – Еоин Дојл, го постигна првиот гол што е негов 21. гол оваа сезона на 19 натпревари. Останатите три гола беа дело на Кеши Андерсон кој не само што го постигна првиот хет-трик, туку ги постигна и своите први голови сезонава. Со оваа победа, Свиндон е сам на врвот на табелата со три поени предност пред второпласираниот Ексетер и осум поени предност пред третопласираниот тим на Кру Александра.
Останатите резултати од денешните натпревари:
Лејтон Ориент 1-3 Колчестер
Карлајл 0-0 Бредфорд Сити
Челтенам 0-1 Плимут
Кроули 4-0 Нортемптон
Ексетер 1-0 Њупорт
Маклсфилд 1-1 Гримсби
Мансфилд 2-2 Порт Вејл
Морекамб 1-2 Олдам
Салфорд 3-1 Кру Александра
Сканторп 0-2 Волсал
Стивениџ 0-0 Форест Грин



