Еден од најдобрите овосезонски натпревари во НХЛ беше одигран синоќа во Торонто помеѓу екипите на домашните Торонто Мејпл Лифс и гостинските Каролина Хурикејнс.
Првата третина заврши со резултат од 3-2 во корист на Торонто. Домаќините стекнаа предност после само 30 секунди преку Спеца, а Ниландер и Таварес зголемија на 3-0 после пет минути игра. Каролина преку МекЏин и Нечас намали на 3-2, а и двата свои голови ги постигна кога на теренот имаше играч помалку односно играч повеќе.
Во втората третина доминираа гостите. Преку Нечас, Хаула и Свечников, за период од 64 секунди стекнаа солидна предност од 3-5.
Третата третина ја отвори Метјус кој намали на 4-5, но неполни три минути подоцна, Каролина преку Хаула повторно зголеми на два гола разлика односно 4-6. Следуваше уште една брза серија на голови, но овој пат од Мејпл Лифс. Двата гола на Марнер и едниот гол на Бери во период од 59 секунди му го донесоа водството на Торонто, а на минута ипол до крајот, Енгвал, на празен гол, ја запечати победата на домаќините со конечен резултат од 8-6.



