Генерацијата 2004/05 година од ЖРК Стружанка учествуваше на турнир во Гостивар. На турнирот учествуваа екипите на домаќинот Јехона, Чаир, Лихнид, Ѓорче Петров и Стружанка.
Во полуфиналето пионерките на Стружанка славеа против Јехона со 18-11, додека во финалниот меч го совладаа езерскиот ривал Лихнид со 12-11 и стигнаа до првото место.




