Македонската кошаркарска кадетска репрезентација на Македонија на силниот меѓународен турнир во Таргу Џио,Романија одиграа три контролни меѓународни квалитетни натпревари.
По двете неуспешни игри против Романија и Израел и поразите од (81:94) и (51:83) селекцијата „Под 16“ години го поправи впечатокот со успех против селекцијата на Бугарија и победата од 77:83 по четвртини (22-26; 19-25; 25-9;11-25).
Четворица поединци во нашиот табор имаа двоцифрен учинок каде што Бошалески и Богоевски имаа по 21 постигнат поен додека по 14 поени постигнаа Башоски и Стојановски.



