Екипата на Тампа Беј Баканирс, во првиот натпревар од претпоследната недела, на домашен терен ја пречека екипата на Хјустон Тексанс. Гостите го отворија натпреварот на најдобар можен начин – со постигнување на тачдаун после пресечено додавање за само 48 секунди. Улогата на поентер ја имаше Роби, а веќе во наредниот напад, домаќините изгубија уште една топка, но овој пат таа им донесе штета од само три поени.
На само две минути до крајот на полувремето, Тексанс имаа предност од 17-3, но лудата завршница ни донесе огромни возбудувања. За само две минути, Тампа Беј успеаја да постигнат дури два тачдауни преку Роналд и Вотсон, па на пауза да заминат со 17-17.
Второто полувреме беше тотален контраст – заврши само со постигнати девет поени – еден постигнат филд-гол за Баканирс и два за Тексанс. Со оваа победа од 20-23, Хјустон си ја обезбедија првата позиција во својата дивизија и пласман во плејофот.



