Во 23. коло од Чемпионшип, на „Крејвен Котиџ” се соочија Фулам и Лидс. Фулам, после трите последователни порази, славеше со 2-1 и му го нанесе првиот пораз на Лидс после 5. октомври кога загуби од Милвол со истиот резултат.
За Лидс, во третата минута во игра влезе Езѓан Алиоски на местото на Пабло Хернандез, а само четири минути подоцна, Фулам дојде до предност од 1-0. Стрелец на голот беше Митровиќ од пенал. Лидс успеа да израмни преку Бамфорд во 54. минута, но радоста на гостите траеше само петнаесет минути бидејќи Онома го врати водството на страната на Фулам.
Останатите резултати од ова коло:
Мидлсброу 2-1 Стоук
Кардиф 0-0 Престон
Хадерсфилд 2-1 Нотингем
Хал 3-0 Бирмингем
Лутон 0-1 Свонси
Милвол 1-2 Барнсли
КПР 2-2 Чарлтон
Рединг 3-0 Дерби
ВБА 1-1 Брентфорд



