Во прелиминарната рунда од светскиот шампионат во пикадо беше испишана нова страница во историјата на овој спорт. Имено, Фалон Шерок стана првата жена што успеала да победи натпревар во светскиот шампионат и успеа да изнуди стоечки овации од публиката. Англичанката го совлада 22-годишниот Тед Еветс со 3-2 и во 1/32 финалето ќе игра против 11. најдобар играч на светот – Австриецот со српско потекло, Менсур Суљовиќ.
Денес, Шерок гостуваше на британската утринска емисија „Гуд Морнинг Бритаин” и се огласи:
„Синоќа си докажав мене, а и на сите дека жените можат да играат пикадо против мажите, па дури и да ги победат.”



