Откако вчера се одложи натпреварувањето во Вал-д’Изер, денес Французите имаа повод за славење. Имено, на денешниот слалом убедливо победи миленикот на публиката – Алексис Пантуро. Пантуро беше првопласиран и после првата серија во којашто доби огромна предност во однос на конкурентите. Клемен Ноел, другиот Французин кој важеше за еден од фаворитите, не успеа да го заврши своето скијање во првата серија, па беше дисквалификуван. На второто место, со заостаток од 1.44 секунди заврши Андре Мирер, а третопласиран беше Штефано Грос кој за 3 стотинки беше побавен од Мирер. Хенрик Кристоферсен после првата серија се наоѓаше на 27. позиција, но постави најдобро време во втората серија што на крајот го искачи на четвртата позиција, само на една стотинка од пиедесталот. Во првите десет се пласираа и Мат, Јакобсен, Мејар, Муфа-Жанде, Фос-Солевааг и Јул.



