Словенечкиот ски скокач, Жига Јелар, веќе три години се натпреварува во светскиот куп од кои две како стандарден член на својата репрезентација. Јелар е роден на 22. октомври 1997 и е член на клубот СК Триглав Крањ. Личниот рекорд за најдолг скок го постави на Планица, својата домашна скокалница, кој изнесува 230 метри. Во сезоната 2017/18, Јелар со освоени 43 поени заврши на 44. место во светскиот куп притоа остварувајќи го својот најдобар пласман (19. место) во Оберстдорф – првата скокалница од новогодишната турнеја.



