понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

„Овните” од Мидлендс: Дерби Каунти

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 11, 2019
📁 Спорт, Фудбал

Дерби Каунти ФК е професионален фудбалски клуб од Англија кој е основан во градот Дерби во источниот дел на регионот Мидлендс. Домашните натпревари ги игра на стдионот што моментално го носи името „Прајд Парк” и има капацитет од 33 597 гледачи што го прави 16. најголем стадион во Англија. Од 2013 до 2016, стадионот се викаше „АјПро Стадиум” заради спонзорски причини. Во 1870, во овој град е основан истоимениот крикет клуб, а во 1884 е основан и фудбалскиот клуб од страна на Вилијам Морли – член на клубот за крикет. Дерби е еден од клубовите што се водат како основачи на англиската фудбалска лига во 1888. Маскотата на клубот, што е присутна и на амблемот, е овен – знак присвоен од амблемот на првиот стаж на милицијата, а боите на клубот се црната и белата уште од крајот на 19. век.

Основање и почетоци:
Бидејќи крикетот бил игран само во топлите денови од годината, фудбалскиот клуб бил основан со цел да ги забавува луѓето и во зимските периоди. Веднаш по основањето, Дерби почнал да игра на „Рејскурс Граунд”, а првите натпревари биле со пријателски карактер. Најпрвиот меч на Дерби датира од 13. септември 1884 кога загубил со 6-0 од Грејт Левер. Првиот компетитивен меч го одиграл против Волсал и загубил со 0-7 во рамките на ФА Купот во сезоната 1884/85. Најбитниот меч што ја превртел судбината на Дерби во позитивна насока бил одигран следната сезона, повторно во рамките на ФА Купот. Со 2-0, совладан бил тимот на Астон Вила што во тој период бил во подем. Токму оваа победа му помогнала на Дерби да се естаблира на фудбалската мапа и да добие директен повик за членство во инаугуралната сезона на првата фудбалска лига. Првиот натпревар на Дерби во фудбалската лига бил против Болтон и „Овните” иако губеле со 3-0, сепак победиле со 6-3. Првата сезона ја завршиле на 10. позиција од вкупно 12 екипи.
Во 1891, Дерби Каунти направил фузија со локалниот клуб Дерби Мидленд притоа станувајќи единствен клуб во градот. Наредната сезона, во своите редови го довеле Стив Блумер – легендата на Дерби што сè уште е сметан како најдобар играч на „црно-белите” на сите времиња. Три години подоцна, се преселиле на „Бејзбол Граунд” кадешто останале цели 102 години. До почетокот на 20. век, во лигата имале едно второ и неколку трети места. Во ФА Купот стинале до три финалиња, но за жал ги загубиле сите три.

Периодот на војните:
Во 1907, Дерби ја доживеал првата релегација, но под водство на Џими Метвен, се вратил во првата лига во 1911 притоа враќајќи го Стив Блумер во своите редови откако во 1906 бил продаден во Мидлсброу заради финансиски проблеми. Во 1914 повторно бил релегиран, но експресно се вратил освојувајќи ја втората лига. Сепак, заради Првата светска војна, клубот бил принуден да чека до 1921 за да заигра прволигашки фудбал. Чекањето делумно се исплатило бидејќи во наредниот период Дерби пружил солидни партии и два пати завршил на второто место. Заради Втората светска војна, клубот престанал да се натпреварува во тој период, но се вратил на најдобар можен начин – освојувајќи го ФА Купот во 1946 (првото издание на купот после 1939). Овој бил првиот престижен трофеј за Дерби и единствениот ФА Куп досега.

Периодот после војните и ангажирањето на Брајан Клаф:
Иако ФА Купот продолжил со своите натпревари во 1946, лигата почнала една година покасно. После неколку респектабилни завршни позиции на табелата, во 1953 Дерби бил повторно релегиран. Со ова бил прекинат стажот од 27 години (20 сезони) во првата лига, а само две сезони подоцна, Дерби за прв пат во својата историја заиграл во третата лига. Во 1957 се вратил во втората лига кадешто бил член сè до 1969. Во 1970, под водство на легендарниот тренер – Брајан Клаф, Дерби завршил на четвртата позиција, но заради финансиски нерегуларности не добил дозвола за натпреварување во Европа. Сепак, најсјајниот период од историјата на клубот се случил во блиска иднина. Во 1972, Дерби ја освоил својата прва прволигашка титула и изборил пласман во Европскиот Куп (моментално Лигата на шампиони) кадешто во полуфиналето бил запрен од Јувентус. Во октомври 1973, Клаф и неговиот помошник, Питер Тејлор, биле отпуштени заради јавни критики упатени кон управата.
И покрај заминувањето на тренерите, Дерби стигнал до својата втора титула во 1974/75 под водство на поранешниот играч – Дејв Мекеј. Сепак, тимот од Мидлендс, почнал рапидно да опаѓа и за неколку сезони, по втор пат во својата историја, заиграл во третата лига.

Крајот на 20. век:
Кампањата во третата лига, Дерби ја започнал под водство на новиот тренер Артур Кокс. Во првата сезона, не успеал да стигне до промоција, но во наредните две сезони изборил две последувателни напредувања и пласман во првата лига. Клубот почнал да привлекува сè повеќе и повеќе публика, а тоа се одразувало позитивно и на финанскискиот сегмент, па затоа биле доведени неколку звучни имиња како Петер Шилтон, Дин Саундерс, Тед МекМин и Тревор Хеберд. Краток период подоцна, тогашниот сопственик, Роберт Максвел, престанал да го финансира клубот што резултирало со релегација назад во втората лига. Непосредно пред смртта на Максвел, локалниот бизнисмен, Лионел Пикеринг, го купил клубот и за 2,5 милиони фунти, од Нотс Каунти, го довел Крег Шорт. Овој трансфер со години останал на првата позиција како највисок трансфер во втората лига. Во редовите на клубот биле доведени уште два квалитетни играчи – Марко Габијадини и Томи Џонсон. Во 1995/96, како огромно појачување бил доведен Хрватот Игор Штимац кој ги предводел „црн0-белите” до враќање во првата лига (овој пат наречена Премиер Лига). Првата сезона во Премиер Лигата ја завршиле на 12. место, а веќе од наредната се преселиле на „Прајд Парк”.

Почеток на 21. век:
Новиот милениум почнал прилично добро за Дерби завршувајќи во првите десет на табелата во Премиер Лигата. Сепак, во 2002, доживеал ненадеен пад и релегација во втората лига. Следувала и финансиска криза, па биле продадени неколку клучни играчи, а набргу самиот тим бил откупен за само три фунти од страна на групата предводена од Џереми Кит. Во јуни 2006, за нов тренер бил назначен Били Дејвис кој во првата сезона го вратил Дерби во Премиер Лигата преку плејофот. Во полуфиналето, преку пенали, го победил Саутемптон, а во финалето, на Велмбли, го совладал и тимот на ВБА.

Фијаското во Премиер Лигата и сегашноста:
Новиот пласман во Премиер Лигата завршил со најраната релегација во историјата на ова натпреварување. Дерби со само една победа (над Њукасл од 1-0) и освоени „рекордни” 11 поени во текот на цела сезона, се соочил со релегација уште во март. Оттогаш клубот се нема вратено во елитата иако бил неколку пати во плејофот. Патувањето низ втората лига го започнал предводен од новиот тренер Пол Џуел кој во септември, победувајќи го Шефилд Јунајтед со 2-1, ја остварил својата прва победа после 27 натпревари ! Иако ги предводел „Овните” до полуфиналето на Лига Купот, сепак добил отказ поради лошата серија. Негов наследник бил Најџел Клаф – синот на легендарниот Брајан Клаф. Најџел го спасил тимот од уште една релегација и во наредните две сезони завршувал во средината на табелата. Во 2013, на негово место е доведен Стив МекКларен. Англичанецот беше само неколку минути далеку од пласман во Премиер Лигата, но во последната минута од финалето на плејофот, Замора од КПР постигна гол и ги однесе фудбалерите од „Лофтус Роуд” во елитата. Во 2015, како нов сопственик на Дерби е назначен Мел Морис. Локалниот бизнисмен е сè уште на истата позиција и вложува значителен број на финансиски средства во клубот. Под негово водство, Дерби три пати има играно во плејофот, но за негова жалост, ниту еднаш не излезе како победник. Минатата година, тренер на Дерби беше Френк Лампард кој одлично се снајде во првата сезона од својата тренерска кариера. Во полуфиналето од плејофот го победи фаворизираниот Лидс предводен од Марсело Биелса иако првиот натпревар го загуби дома со 0-1. Сепак, во финалето, Астон Вила се покажа како посилен противник. По завршувањето на сезоната, Лампард замина да биде тренер на својот омилен клуб, Челзи, а на негово место беше доведен поранешниот тренер на ПСВ и Фенербахче – Филип Коку.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Фанови и ривали:
Дерби е единствениот професионален фудбалски клуб од истоимениот град кој брои над 200 000 жители, па консеквентно има и голем број на фанови. Со години и децении наназад, просечната посетеност на натпреварите изнесува над 20 000 што е блиску до врвот на англиските екипи. Официјално, за Дерби навиваат и неколку познати личности меѓу кои и актерите Роберт Линдзи и Џек О’Конел, пејачот Ниал Хоран (поранешен член на Уан Дирекшн) и порно-ѕвездата Киран Ли. Според некои неофицијални информации, симпатии кон клубот искажале и Анџелина Џоли, Кара Делевињ и Џорџ Клуни.
Најжестоки ривали на Дерби се дефинитивно Нотингем Форест, а големи ривалтсва имаат и со Лестер и Лидс. Дербито со Нотингем е едно од најжестоките во Англија и е создадено поради две причини. Едната од нив е географската положба на двата града кои се оддалечени само 22 километри, а другата е Брајан Клаф – тренерот кој од Дерби се префрли во Нотингем пред сè заради револт. Натпреварите помеѓу овие две екипи го носат името „Ист Мидлендс дерби”, а победникот добива признание наречено „Брајан Клаф Трофи”. Исто така и ривалството со Лестер е од географски аспект, а анимозитетот кон Лидс датира од 1970-те кога огромни полемики на теренот се воделе помеѓу тренерите Брајан Клаф и Дон Реви. Омразата помеѓу двата тима значително ескалираше во 2018/19 кога Биелса, тренерот на Лидс, беше обвинет дека ги шпионирал тренинзите на Дерби, а кон крајот на сезоната, Дерби на спектакуларен начин го возврати ударот елиминирајќи го Лидс од плејофот после огромен пресврт.

Tags: англијадербиФудбал
Share8Tweet
Претходна вест

Ненад Димитријевиќ со одлична партија во поразот на Хувентуд

Следна вест

(Видео) Погледнете ги прекрасните голови на Ненад Костески против Спартак

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

(Видео) Погледнете ги прекрасните голови на Ненад Костески против Спартак

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.