понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) НФЛ: Големи дербија и неколку изненадувања во неделниот термин

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 2, 2019
📁 Останато, Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Во четвртокот, во знакот на денот на благодарноста, беа одиграни три натпревари на коишто славеа гостите. Тие натпревари се покажаа како одлична увертира за продолжението на неделата.

Од натпреварите што започнаа во 19:00 часот по средноевропско време, најмногу се издвојува дербито помеѓу Балтимор Равенс и Сан Франциско 49ерс. Равенс му направија одлична услуга на Грин Беј откако со 20-17 ги совладаа 49ерс. Победоносен беше шутот за три поени на Такер во последната секунда од натпреварот.

Одиграни беа и неколку дивизиски дуели. Најпрво, вреди да се напомене дека Тенеси Титанс на гостински терен ги совладаа Индијанаполис Колтс со 17-31. За разлика од нив, Питсбург Стилерс беа во неизвесност против Кливленд Браунс сè до самиот крај. Победоносното пресечено додавање беше дело на Хејден, а крајниот резултат изнесуваше 20-13. Неизвесен беше и дивизискиот дуел помеѓу Денвер Бронкос и Лос Анџелес Чарџерс. Квотербек за Бронкос беше дебитантот Дру Лок кој оствари победа од 23-20. Денвер стана првиот тим во историјата кој во една сезона ставил двајца дебитанти квотербекови и истите избориле победа. Освен Лок, другиот квотербек беше Брендон Ален во деветтото коло. Во дивизискиот дуел во НФК Запад, Лос Анџелес Рамс очекувано ја совладаа Аризона со 7-34.

Очекувани беа и победите на Грин Беј, Тампа Беј и Канзас Сити. Во снежниот Њу Јорк, Пекерс славеа со 13-31 над Њу Јорк Џајантс. Чифс буквално ги прегазија Рејдерс со 40-9, а Баканирс, откако имаа предност од 0-25 на полувремето над Џексонвил Јагуарс, на клупата го „оставија” Ник Фолс, а на негово место влезе Гарднер Миншу. Сепак ни дечкото со мустаќите не успеа да ги спаси „Јагуарите” од поразот што на крајот изнесуваше 11-28.

Ова коло не нè поштеди ни од изненадувања. До победа стигнаа Вашингтон Редскинс на гостувањето кај Каролина Пантерс со резултат од 21-29. Мајами Долфинс, изведувајќи неверојатни акции ги совладаа Филаделфија Иглс со 37-31, а до првата победа во оваа сезона стигна и тимот на Синсинати Бенгалс откако славеше доминантно над Њу Јорк Џетс со 22-6. Во доцниот вечерен термин се соочија Хјустон Тексанс и Њу Ингланд Патриотс, а Вотсон со 28-22 му го нанесе вториот пораз сезонава на Брејди.

Tags: ВотсонНФЛСинсинати
ShareTweet
Претходна вест

Ракометна Федерација на Македонија организира меѓународен ракометен турнир

Следна вест

Учениците и професорите од Јахја Кемал со хуманитарен концерт за настраданите од земјотресот во Албанија

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Учениците и професорите од Јахја Кемал со хуманитарен концерт за настраданите од земјотресот во Албанија

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.