Екипата на Еурофарм победнички се прости од Лигата на Шампионите откако славеше во последниот меч против екипата на Бидасоа Ирун со 25-23.
Кај Еурофарм најефикасен беше Остроушко со 8 голови, додека на голот одличен беше Чаневски со 11 одбрани. Кај гостите се истакна Сери со 9 голови.



