Екипата на Нант славеше со 28:29 на гостувањето кај Шамбери за осми триумф во францускиот шампионат. Кирил Лазаров капитенот на македонската репрезентација во последната секунда при резултат 28-28 погоди за голема победа на Нант.
Лазаров беше најефикасен ракометар на Нант на оваа средба со 6 погодоци и најзаслужен за големата победа.



