Петто првенствено коло во првата турска женска фудбалска лига, каде што македонската интернационалка Ели Јаковска со нејзиниот тим Конак Беледиеспор забележа нова првенствена победа на гостувањето против Амедспор со триумф од 1:11.
Во овој висок триумф Јаковска беше играчот на натпреварот затоа што постигна хет-трик, а освен тоа беше асистент на неколку од погодоците. Новите три бода Конак го враќаат во борба за највисок пласман, односно сега клубот се наоѓа на трето место и до крај на првенството ќе бидат во борба за титулата.
Ели Јаковска има пет гола во најдобрата турска лига и е во конкуренција за најдобар стрелец во првенството. Македонската репрезентативка секоја нова сезона ја покажува својата висока класа и е водечка фигура во своите тимови.



