На полниот „Градски Стадион” во Гевгелија се одигра дербито на 13. коло во ВМФЛ Исток помеѓу екипите на Кожуф и Беласица. Домаќините одлично го отворија натпреварот откако во седмата минута прекрасен погодок постигна Александар Трајчевски. Само две минути подоцна, за Беласица погоди Дарко Размоски. Трите поени на струмичани им ги донесе Ѓорги Марков во 63. минута со голот за 1-2. До крајот, Кожуф напаѓаше, но сепак не успеа да постигне погодок. Најблиску до израмнувањето беше во последните минути од натпреварот кога Мирче Попов ја погоди пречката од дваесетина метри. Со оваа победа Беласица останува првопласирана екипа, а Кожуф може да падне на четвртата позиција доколку Тиквеш го совлада Питу Гули во Крушево.
Фотографијата е превземена од официјалната Фејсбук страна на ФК Беласица



