На натпреварот помеѓу Вегас Голден Најтс и Торонто Мепл Лифс освен голови, видовме и неверојатни претстави на голманите. Домаќините од Лас Вегас славеа со 4-2, а голем придонес во таа победа имаше голманот Марк Андре Флури кој направи нешто што не се гледа секој ден. Ветеранот со неверојатна одбрана спаси израмнување на неполни четири минути до крајот.



