Тимот на Линц на Никола Костески и Горан Крстевски беше на прагот да победи но прими гол во последната секунда и стигна само со бод против шампионот Кремс. Натпреварот заврши со конечен резултат 28:28 (полувреме 13:13).
Никола Костески постигна 5 голови, додека Горан Крстевски постигна 4 голови и беа меѓу најдобрите и најзаслужни за големиот бод на својот тим. 



