МЗТ Скопје Аеродром својот ростер го надополни со ново американско засилување на бековската позиција, а се работи за 26-годишниот Ерон Харис со 191 см кој своевремено беше на универзитетите Вест Вирџинија и Мичиген Стејт.
Харис е квалитетен поентер и потпиша до крајот на сезоната и во текот на кариерата има настапувано за Висконсин херд во Џи лигата, како и во фински Тамперен Пиринто. Овој американски бек во МЗТ Скопје ќе го има за соиграч Џабари Хиндс кој заедно настапуваа две години за колеџот Вест Вирџинија.
Фото: http://mztskopjeaerodrom.mk/



