На квалификациите за големата награда на Малезија видовме доста возбудувања. Имено, до пол-позицијата стигна Фабио Квартараро кој за 103 илјадинки беше побрз од Маверик Вињалес. На третата позиција се најде неговиот тимски колега – Франко Морбидели. Во продолжение следуваа Милер, Крачлоу, Роси, Ринс, Петручи, Зарко и Довициозо. Марк Маркез заврши на 11. место бидејќи, заради стравотниот пад на две минути пред крајот, не успеа да извози „летачки” круг.
Веднаш по завршетокот на вториот дел од квалификациите, Марк Маркез за медиумите изјави дека се чувствува добро.



