Брентфорд со резултат од 1-3 славеше во дербито на Лондон против екипата на КПР. До победата стигна благодарение на своето моќно напаѓачко трио составено од Мбеумбо, Воткинс и Бенрама. Во првото полувреме, Оли Воткинс постигна погодок по асистенцијата на Мбеумбо, но четири минути по почетокот на второто полувреме, Хол израмни по асистенцијата на Езе од корнер. Во продолжение, Бенрама изведе совршен пенал за ново водство на Брентфорд, а во судиското надополнување, Воткинс со својот втор гол на овој натпревар го постави конечниот резултат.
Со победа, КПР ќе избиеше на второто место на табелата, но сега ќе мора да се задоволи со осмата позиција. Брентфорд е пласиран на 12. место со три поени заостаток во однос на позициите кои водат во плејофот.



