Во второто коло во турската женска прва фудбалска лига, тимот на Конак Беледиеспор за кој настапува македонската репрезентативка Ели Јаковска по несреќниот пораз во првото коло од 2:1, овој пат со одличниот настап на Јаковска Конак постигна висока победа од 4:0.
Ели Јаковска се престави во одлично светло, каде што за водечкиот гол таа беше асистент, при водството за 2:0 изнуди пенал, додека за 3:0 воедно Јаковска го постигна и својот деби погодок за новиот клуб. Конак оваа сезона на крилјата на Ели Јаковска ќе се обиде да стигне до шампионска титула во домашното првенство.



