Во рамките на 9-то коло од првата турска лига тимот на Јени Малатијаспор дојде до рутинска и висока победа од 4:0 против Кајсериспор, а голема заслуга за новиот триумф има македoнскиот интернационалец Адис Јаховиќ кој во 77. минута постигна гол од пенал за својот тим за во тој момент водство од 2:0.
Јаховиќ сам го изнуди пеналот и успешно ја презеде одговорноста. Јени Mалатијаспор со новите три бода се наоѓа на високото трето место со 16 освоени бода. Македонскиот голгетер со новиот 8-ми погодок се позиционира на второто место на најдобри стрелци во турскaта прва лига.



