понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Чемпионшип: Преглед на 14. коло

Епов Насе ✏️ Епов Насе
октомври 26, 2019
📁 Спорт, Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Денес започна 14. коло од англискиот Чемпионшип, а на програмата беа вкупно 9 натпревари од кои еден беше одложен. Во продолжение е напишан детален приказ за денешните натпревари:

Шефилд Венздеј 0-0 Лидс
Дербито на колото го одиграа двата локални ривали што се наоѓаат при врвот на табелата – Шефилд Венздеј и Лидс Јунајтед. Натпреварот заврши со 0-0, а тој резултат ги подмести и двете екипи за една позиција подолу на табелата. Лидс моментално се наоѓа на третата, а Венздеј на четвртата позиција.

Бирмингем 2-1 Лутон
Стрелци на головите за Бирмингем беа Педерсен во 45+3. и Јуткиевич во 82. минута. За Лутон прецизно стрелаше Корник само една минута подоцна (67. минута) откако влезе во игра. Ова е втор последователен пораз за Лутон и втора последователна победа за „Сините”.

Хадерсфилд 2-1 Барнсли
Локалното дерби беше доста неизвесно до самиот крај. Хадерсфилд со оваа победа излезе од опасната зона, а Барнсли остана на последната позиција на табелата. Стрелци на головите беа Шиндлер и Ахерн-Грант за Хадерсфилд односно Браун за Барнсли.

Хал 2-0 Дерби
Дерби имаше неколку солидни шанси во првиот дел, а во вториот дел „Тигрите” сурово ги казнија нивните промашувања. Двата гола беа постигнати од Боувен по асистенции на Гросицки. После овој пораз, тренерскиот стаж на Филип Коку почна да ја губи својата стабилност.

Мидлсброу 0-0 Фулам
Мидлсброу никако да успее да се консолидира и да пружи некоја конкретна игра. Иако остана со играч повеќе во 17. минута сепак не успеа да ја капитализира предноста. Црвен картон за Фулам доби младиот голман Марек Родак на којшто овој му беше втор настап за „Црно-белите”.

Милвол 2-0 Стоук
Милвол со победа го круниса дебито на новиот тренер Гери Роует. Роует порано беше тренер токму на Стоук, па преку својот претходен тим успеа да обезбеди три битни поени за тимот од Лондон. Стрелци на головите беа Томпсон и Валас.

Престон 3-2 Блекбурн
Блекбурн фуриозно го започна овој меч постигнувајќи два гола во првите 11 минути. Најпрво, уште во првата минута, Деклан Руд, голманот на Престон, ја заби топката во својата мрежа, а десет минути подоцна, успешно стрелаше Галагер. Во второто полувреме, Престон направи целосен пресврт преку двата гола на Баркхуизен и голот од пенал на Џонсон, па со оваа победа се искачи на второто место на табелата.

ВБА 2-2 Чарлтон
Ова беше уште еден дуел кој важеше за едно од дербињата на колото. ВБА како првопласиран тим во лигата го пречека минатогодишниот третолигаш кој одлично се снаоѓа во втората лига. ВБА поведе преку Филипс во 10. минута и на полувремето замина со минимална предност. Во 60. минута израмни Бон, а седум минути подоцна Фергусон доби црвен картон и го остави домаќинот со 10 играчи на теренот. Сепак, наместо Чарлтон да стигне до предност, тоа го направи ВБА со вториот гол на Робсон-Кану оваа сезона. Чарлтон израмни дури во 94. минута преку Кален кој успешно погоди од белата точка. Со ова реми, ВБА останува на првото место, а Чарлтон е само на бод заостаток до плејоф позициите.

Нотингем – Рединг
Овој натпревар беше одложен заради обилните врнежи од дожд што ја зафатија околината на Нотингем деновиве. Освен овој натпревар, од овој регион беше одложен и натпреварот помеѓу Илкестон Таун и Шефилд ФК во рамките на осмата лига.

Дополнителни дуели:
Утре нè очекуваат два интересни натпревари. Во првиот се соочуваат двете екипи од Велс, Свонси и Кардиф, а веднаш после нив, силите ќе ги одмерат Бристол Сити и Виган. Во понеделник нè очекува ново градско дерби помеѓу КПР и Брентфорд.

Tags: англијаФудбалЧемпионшип
ShareTweet
Претходна вест

Ф1 Мексико: Втора пол-позиција за Макс Ферстапен

Следна вест

(Видео) КЛАСАТА Е ВЕЧНА! Еврогол на Пандев

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

(Видео) КЛАСАТА Е ВЕЧНА! Еврогол на Пандев

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.