Eкипата на Стружанка на домашен терен стигна до нова победа против тимот на Спартак од Скопје со 31:25. Во првиот дел се играше доста израмнето и на полувреме се замина со резултат 16:14 за домаќинот.
Во средината на вториот дел со неколкуте фантастични одбрани на Митоска и уште поубави голови на Теодора Маркоска тимот на Стружанка се одлепи за на крај да слави со 31:25.
СТРУЖАНКА – СПАРТАК 31:25 (полувреме 16:14)
СТРУЖАНКА: Митоска, Ристоска, Калајџиевска, Јовичинац 2, Маркоска 11, Дукоска 1, Переска 2, Затуроска Бојана, Јоноска 3, Затуроска Ивана 5, Ѓоршулеска, Балоска, Петреска 1, Делиоска 5, Јусуфи 1.
СПАРТАК: Филиповска, Неделковска, Андонова 4, Китановска 3, Костадиновска 4, Георгиевска, Стефановска 10, Величковска 1, Димитрова 1, Лазаровска, Кузмановска, Кимовска Ивона, Кимовска Ива 2, Домазетоска



