КК Гостивар на домашен терен во френетична атмосфера го совлада МЗТ Скопје со тесни 80:78. За ,,Металците” ова е прв пораз сезонава, додека домашните кошаркари по несреќниот пораз од минатото коло против Работички, вечерва остварија голем триумф.
Во победничкиот табор најзаслужни за победата беа Џелетовиќ со 21 поен, помош доби во Тасовски со 17 поени, додека кај гостинот најефикасни беа кошаркарите Омот со 19 поени и Дамјан Стојановски со 18 поени.
Фото: KK Gostivar 1954



