Првиот натпревар од 12. коло во северноирскиот Премиершип го одиграа екипите на Ларн и Гленторан. И двете екипи се наоѓаат во средишниот дел на табелата. Најпрво домаќините поведоа со голот на Рендал, а Гленторан стигна до престврт со двата гола во период од една минута на О’Нил. На почетокот на вториот дел, Греам ја анулира предноста на гостите со голот за 2-2, а во 83. минута, дефанзивецот на Гленторан, Патрик МекКлин, со ножички постигна гол и му донесе победа на својот тим. Со оваа победа, Гленторан се искачи на четвртата позиција, а Ларн е седмопласиран тим во лигата.
Centre-back scores a late overhead kick to win the game for Glentoran.
SCENES! 😱 pic.twitter.com/oTrZA1Vgml
— Footy Limbs (@FootyLimbs) October 18, 2019



