Во првиот натпревар од 12. коло од Чемпионшип се соочија Кардиф и Шефилд Венздеј И двете екипи ја почнаа сезоната солидно, но сепак со поголеми очекувања. Венздеј одлично го започна и овој дуел со голот на Борнер во 19. минута. Дефанзивецот го постигна својот прв гол во дресот на „Утките”. Во второто полувреме времето беше неповолно за игра со огромни врнежи од дожд. Сето тоа добро го искористија домаќините кои преку спектакуларниот гол на Ли Томлин од слободен удар го израмнија резултатот во 87. минута. Со ова реми и двете екипи останаа во игра за плејоф позиција.



