Дуото Некст Тајм во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи песната “Јовка Кумановка“. Moмците од Некст Тајм направија уште една одлична преработка на стара македонска песна, чиј нов аранжман е на Николче Мицевски, а песната е снимена во студиото ХЛ на Дејан Момироски.
Видеоспот го режираше Огнен Шапковски, a e дело на „Мелем продукција“.



