Заради тајфунот Хагибис, кој беснееше во Јапонија деновиве, беа откажани неколку натпревари.
Најпрво, во саботата беше откажан директниот дуел за четврт-финале во групата Б помеѓу Нов Зеланд и Италија, а веднаш после него и дуелот од групата Ц помеѓу Англија и Франција. Во неделата, откажан беше само натпреварот помеѓу двете екипи без победа – Намибија и Канада. Натпреварите нема да бидат одиграни дополнително, а сите екипи ќе добијат по два поени сметајќи дека одиграле нерешено.
Четврт-финалните дуели ќе бидат одиграни аредниот викенд. Во сабота, ќе се соочат Англија – Австралија како и Нов Зеланд – Ирска. Во недела, на програмата се Велс – Франција и Јапонија – Јужна Африка.



