По трите порази со еден гол разлика, Еурофарм Работник во четвртото коло конечно ја забележа првата победа во Лигата на шампионите откако го совлада Кокс со 31:30 (полувреме 17:13).
Најефикасни во Еурофарм беа Остроушко со 8 погодоци и Гоце Ојлевски со 5 погодоци. 



