САД и Тонга го одиграа дербито на дното во групата Ц. И двете екипи влегоа во дуелот како екипи кои не издвоиле победа. Тонга, на своето конто, имаше еден поен стекнат преку минималниот пораз од Франција во претходното коло. На полувремето, Американците заминаа со предност од 12-7. Два есеи постигна Те’о, а една конверзија претвори МекЏинти. За Тонга, преку есеј поентираше Фисихои, а конверзијата ја претвори Такулуа. Во второто полувреме, Такулуа беше прецизен од пенал и од конверзијата на којашто ѝ претходеше есејот на Хингано. Во 63. минута, Пиутау постигна нов есеј, а истиот го конвертираше Фаива. Се чинеше дека САД ќе го освои првиот поен на ова СП (со пораз под 7 поени) со есејот на Лемборн и конверзијата на МекЏинти на две минути пред крајот, но во последната секунда Тонга го постигна и четвртиот целосен есеј Веаину и Пиутау. Крајниот резултат изнесуваше 19-31 за Тонга. Веаину е првиот играч на Тонга што постигнал три есеи на едно СП. Пиутау ја заврши својата репрезентативна кариера.



