Елиуд Кипчоге е првиот човек кој истрчал маратон за помалку од 2 часа !
Човекот кој во своите млади години трчал по неколку километри за да оди на училиште и со велосипед одел до најблиските градови за да продава млеко и да заработи пари сега испиша нова историја !
Кениецот, денес во Виена, предводен од сопствените пејс-мејкери, истрча 42,195 км за точно 1 час 59 минути 40 секунди и 2 десетинки. Ова беше првата трка во којашто жената и децата на Елиуд уживаа во можноста да го гледаат својот миленик во живо. Кипчоге е светски рекордер на официјална маратонска трка. Рекордното време го постави минатата година на маратонот во Берлин и изнесува 2 часа 1 минута и 39 секунди. Во 2017, Кипчоге повторно имаше обид за трчање маратон под 2 часа. Тој чин се одвиваше на патеката за Формула 1 во Монца, но Кениецот не успеа во својата намера и истрча за 2 часа и 25 секунди.
„Сега светот е само 25 секунди далеку.” – истакна Кипчоге веднаш после тој неуспешен обид.
На денешниот маратон, Кипчоге ги забележа следните времиња на делниците:
5 км – 14:10
10 км – 28:20
15 км – 42:34
25 км – 01:10:59
30 км – 01:25:11
35 км – 01:39:23
42,195 км – 1:59:40.2
Remember where you were when @EliudKipchoge ran 26.2 miles in 01:59:40.
You've just witnessed history. 💪🇰🇪#INEOS159 #NoHumanIsLimited pic.twitter.com/N5caReC0Ub
— INEOS 1:59 Challenge (@INEOS159) October 12, 2019



