Тимот на Бутел Скопје го очекува реваншот против ЗТР Запорожје од второто квалификациско коло во ЕХФ Купот. Организаторот на играта на нашиот тим, Горан Печенковски очекува тежок натпревар.
“Знаеме дека не очекува тежок натпревар, ЗТР Запорожје е вицепрвак во Украина веднаш зад екипата на Мотор, составена од одлични играчи, повеќето и репрезентативци. Одигравме натпревар на многу мал број голови во Скопје, некои ќе помислат дека се играше само едно полувреме, но тоа покажува колку сериозно го сфатија натпреварот и двете екипи. Како се одвиваше натпреварот мислам дека треба да бидеме задоволни од резултатот кој го направивме. Одигравме скоро перфектно во одбраната, нашите голмани беа на висина на задачата, имавме на моменти проблеми во нападот, ни фалеа тие лесни голови, но се надевам ќе ги поправиме тие работи и ќе одиграме уште подобро за да испишеме уште еден историски момент за клубот и за нас пред се”
Натпреварот меѓу ЗТР Запорожје и Бутел Скопје, кој е дел од второто квалификациско коло од Купот на ЕХФ ќе се игра в недела во „Палатата на спортовите“ во Запорожје со почеток во 18:00 часот.



