Дуелот помеѓу Вардар и Кил е дерби на 4-то коло на ЕХФ лигата на шампионите. Во сабота во Скопје (17,30 ч. СЦ „Јане Сандански”) на терен ќе бидат екипи што заедно имаат освоено пет шампионски титули. Вардар двапати беше првак на Европа последниве три години, а Кил сезонава влезе меѓу Топ-16 екипи со вајлд карта на ЕХФ. Германскиот тим трипати беше европски првак во перидот од 2006/2007 до 2011/2012 сезона.
Вардар и Кил досега шестпати играле меѓусебе во ЕХФ лигата на шампионите. „Црвено-црните”двапати победиле, последен пат лани во четврт-финалето. Тогаш поради повеќе голови во гости се пласиравме на Ф4 турнирот во Келн. Со „зебрите” игравме и на Суперглоуб сезонава , и тогаш во полуфиналето загубивме со 30-34.
„Повеќе се плашам кога играме со екипи на пониско ниво бидејќи тогаш има нешто што недостига и има работи кои може да не ги направиме. Може да недостига мотивација на пример. Сепак, кога доаѓа екипа како што е Кил тогаш сме среќни и има право да излезам со такво расположение. Во ваков меч може да се случи сè. Ние сме подотвени, а на Кил останува да покажат кои се. Ние знаеме кои сме и знам дека ова ќе биде уживање за сите навивачи и професионалци во нашиот спорт, како и за сите експерти. Возбудени сме и очекуваме на овој натпревар да покажеме кој е кој на терените”, вели Дибиров.



