Ракометарите на Еурофарм Работник го претрпеа вториот пораз во низа во СЕХА-лигата откако загубија на гостувањето против Мешков Брест со резултат 31-22 (полувреме 19-12).
Во тимот на Еурофарм, Ојлески беше најефикасен со 5 погодоци, Граџан, Велкоски и Ѓукиќ постигнаа по 4 гола, додека Митревски го заврши мечот со 10 одбрани.



