Големо е ривалство помеѓу Питсбург Стилерс и Балтимор Рејвенс и токму во таквите дуели нè очекува најголема возбуда. Таков беше и денешниот дуел помеѓу овие две екипи. Питсбург лошо ја почнаа новата сезона забележувајќи три последователни порази од Патриотс, Сихокс и 49ерс и само една победа против Бенгалс. Лошо за нивните навивачи е дека поради повреда, надвор од теренот е Бен Ротлисбергер, а на денешниот меч, повреда заработи и резервниот квотербек – Мејсон Рудолф.
Рејвенс, предводени од Ламар Џексон, имаа учинок 2-2 пред стартот на дербито. Во поголемиот дел од натпреварот, резултатот беше во полза на Балтиморе кои постигнаа два тачдауни преку Инграм и Браун и четири филд-голови преку Такер. Токму последниот филд-гол беше постигнат пред крајот на продолжението од 46 јарди и им ја донесе победата од 23-26. За Питсбург, тачдауни постигнаа Смит-Шустер и Конер, а Босвел беше прецизен три пати од шутови за три поени.



