Денес, во Скопје се одржа трката наречена „Скопје Ран” која воедно беше и национално државно првенство за 2019 година на 10 километри. Беа пријавени вкупно 2012 учесници, а освен трката на 10 километри се одржа и штафетна трка (2 х 5 км). Во штафетната трка победи тимот на Гејм Он составен од Тодор Анчев и Кристијан Наумовски кои остварија време од 36:34. Втор беше НРК – Најк+ Ран Клуб (Јован Костовски и Стефан Грнчаревски), а трет беше 3П Девелопмент (Филип Стојановски и Александар Баевски).
Што се однесува до трката на 10 км во женска конкуренција, најдобра беше Србинката Теодора Симовиќ со време од 34:59. Второпласирана, а воедно и најдобра Македонка беше Адријана Поп Арсова која направи национален рекорд од 37:02. На третото место беше Билјана Кираџиева која ги бранеше боите на Србија. Двете српски натпреварувачки не влегоа во категоријата за македонското првенство такашто после Поп Арсова, најдобри Македонки беа Весна Кираџиева и Марина Домазетовска коишто беа пласирани на 6. и 7. позиција во генералниот пласман.
Во машка конкуренција, најбрз беше Дарио Ивановски (31:07) пред Милош Ранчич (33:44) и Атанас Анчевски (33:49). Димитар Петровски (33:54) и Кокан Ајановски (34:01) за малку го испуштија подиумот, но сепак завршија помеѓу првите 5. Новинарот на „Јави се јужна” – Атанас Епов, учествуваше на трката и го освои солидното 20. место со нов личен рекорд и време од 37:39.



