Џенова е во резултатска криза и се наоѓа во опасната зона за испаѓање, а новиот пораз на домашен терен ги класифицира на претпоследната позиција на табелата. Најновиот пораз е од Милан со резултат од 1:2. Фудбалерите на Џенова по првиот дел имаа предност од 1:0 со голот на Шоне во 40. минута од слободен удар по катастрофалната реакција на голманот Рејна.
Второто полувреме ,,Росоњерите” со освежувањата Леао и Пакета направија целосен пресврт па во 51. минута Пакета асистираше до Тео Хернандез за израмнување на резултатот, додека Леао изнуди пенал во 57. минута каде што ударот од белата точка успешно го реализира Френк Кеси.
Сепак на возбудувањата не им дојде крајот затоа што до крајот на мечот имаше неколку црвени картони, а во самиот финиш на мечот во игра влезе Горан Пандев во 88. минута и во 93 минута асистираше до својот соиграч од нападот Куаме над кој беше направен прекршок за пенал.
Ударот од белата точка не го реализира Шоне затоа што Рејна ја прочита неговата идеја и го одбрани шутот, а за својот тим донесе три бода. Двете екипи на крајот завршија со по два црвени картони. Тренерот на Џенова по овој пораз го очекува отказ од клупата на џеновјани.



