Црвена Звезда во второто коло од Лигата на шампионите славеше над грчкиот Олимпијакос со 3-1 иако на полувреме губеше со 0-1. 
Олимпијакос во 37-та минута поведе со голот на Семедо. Во 63-та минута Вулиќ изедначи на 1-1, во 87-та минута, Милуновиќ погоди за 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Боачи по истекот на 90-та минута.



