На трката за големата награда на Русија по шести пат во низа славеше Мерцедес. Најзаслужен за продолжување на овој низ беше Луис Хамилтон кој ја оствари својата четврта победа во Сочи. Веднаш зад него беше тимскиот колега – Валтери Ботас. Третото место му припадна на Шарл Леклер кој беше проследен од дуото на Ред Бул – Ферстапен и Албон. Во поени завршија и Саинц, Перез, Норис, Магнусен и Хулкенберг.
Пресуден момент на трката беше откажувањето на Себастијан Фетел во 29. круг после кое следуваше појавување на безбедносното возило. Од сета таа мешаница најмногу профитираа болидите на Мерцедес.
До сега, во Сочи се одржани шест трки и на сите шест славеше возач на Мерцедес (четири пати Хамилтон и по еднаш Ботас и Розберг).



